Автопатот Кичево - Охрид и булеварот „Киро Глигоров“ треба да ги учиме како историско наследство

Скопјани продолжуваат со реакциите поради бавната реконструкција на булеварот „Киро Глигоров“, која го отежнува движењето на возачите и создава големи гужви низ главниот град на Македонија.

- Автопатот Кичево - Охрид и булеварот Киро Глигоров треба да ги учиме како историско наследство, пишува „Боемот“ на социјалните мрежи во знак на револт.

Ова не е единствен случај на реконструкција на пат која трае долго бидејќи идентична е ситуацијата на автопатот Кичево – Охрид, кој се очекува да биде завршен на крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.