Атиџе сними дует со Сузана Турунџиева - слушнете ја „Иста судбина“

Атиџе и Сузана снимија дует, а ова е само уште еден огромен гест на нашата пејачка за помош на ѕвездата од „Медена земја“. Песната носи наслов „Иста судбина“. 

Претходно, Турунџиева се ангажираше во помош на доизградбата на новиот дом на Атиџе во селото Дорфулија, во близина на Свети Николе. 

Таа го одржа ветувањето и заедно со Атиџе снимија песна, исполнувајќи ѝ ја желбата да стане музичка ѕвезда..