Арсовска го нарече неписмен, па Ѓорѓиевски ѝ одговори: За тебе сум Блаже Конески

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го навреди градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски откако го нарече неписмен.

Ѓорѓиевски ѝ одговори на градоначалничка во коментар на нејзина објава на социјалната мрежа Фејсбук, при што Арсовска истиoт го избриша.

- Драга Данела, во однос на писменоста и познавањето на работата поврзана со градоначалничката функција, јас за тебе сум благоречено „Блаже Конески“, објави Ѓорѓиевски.