Андоновски за М-НАВ: Скандал од невидени размери, Кривичен за вакво дело немал доволно докази 

Заменик народниот правобранител Јован Андоновски со став околу случувањата во Македонска Навигација. 

- Не сакав да пишувам деновиве на големите празници Бадник и Божик, но неизбежно е да се каже дека тонеме во сѐ подлабока дупка. М-НАВ - бев на една обука и беше зафат да се влезе и движи низ просториите. Со претходна најава, одобренија, придружба при движење итн. Посебен протокол за влез, особено во работните простории. Ајде што влегле и се шетале како низ дома, туку и тепале службени лица. Скандал од невидени размери, напиша Андоновски во својата фејсбук објава. 

- Да биде циркузот уште поголем, Кривичен за вакво дело немал доволно докази за да одреди мерка притвор, констатира тој и ја понуди својата стручна помош. 

- На вработените во М-НАВ им стојам на располагање во рамки на нашите надлежности да им помогнам.