Алексиќ: Има деца од „Димитар Влахов“, родителите земаа кредити за да ги задоволат за матурска облека

Пофесорката по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ Татјана Алексиќ, во поткаст за ИРЛ, поентира за вредностите кои системот денес им ги пренесува на децата и младите.

- Исчезна црвеенењето на децата кога ќе ги фатите дека препишуваат. Не се срамат, станаа бесрамни деца. Не можеш од таков систем, каков што е овој во кој живееме, да очекуваш децата да бидат воспитани, скромни, добронамерни и да не гледаат „каде се парите, таму е моќта, децидна е професорката која секога е гласна кога станува збор за младите и начинот на кој се воспитуваат. 

Во екот на матурските прослави, таа сподели и став околу овие славење и трошоците околу истите. 

- Има деца од „Димитар Влахов“, родителите земаа кредити за да ги задоволат за матурска облека. Тоа е глупост.  Задолжително средно, ти славиш матура, правиш помпа од нешто што е задолжително. Прво дома со тетки, стринки, па после во школо. Зошто? Значи тоа е една таква кич парада!, вели Алексиќ. 

Професорката се согласува дека околината како да им прави притисок.

- Веројатно, меѓутоа дајте еднаш да се прекине со тоа во оваа криза Не се децата криви ние сме што форсираме, заклучува професорката.