Актерката Арсовска се прости од татко си: Ти ги имаше најубавите и најтажните очи!

Почина таткото на актерката Сања Арсовска, меѓудругото позната и по улогата во детската забавна емисија „Петко, Пет +“. 

Таа објави заедничка фотографија и напиша емотивна посвета за него.

„Мил, најмил мој. Си замина одненадеш и без никој да те види. Еден дел од мене замина со стебе, ама и еден дел од тебе ќе си живее во мене засекогаш. Ништо нема да е исто без тебе. Ти ги имаше најубавите и најтажните очи, ти беше најдобриот човек на светот. Посакував да си уште долго со нас, да старееме и да се смеме заедно, ама не ти издржа срцето. Не знам како ќе издржи моето со ваква болка. Чао татичко, Те сака Сани сине“, напиша Сања.