Секоја населба во Скопје си има одредена своја одлика и дух. Луѓето во оваа населба се почитуваат и дружат меѓу себе, но има неколку карактеристики по кои се разликуваа од останатите скопски маала.
Оваа скопска населба се наоѓа крајниот северен дел од градот. Бутел е заедничко име за две населби - Бутел I и Бутел II.
Ако некој видиш со непознат автомобил во движење заедно со своето друштво застанувате на сред улица и дирекно гледате во возачот за да знае каде дошол
Шетањето во маало ти е омилено хоби во животот и ако тренерките ти се основна облека во плакарот
Сите меѓу себе се познаваат, нема шанси некој да не те знае тебе и твоето семејство
Во 7, 12, 20....се слуша камбаната од црквата, а оџата пее во 5 наутро...
Секогаш имаш проблем за да им објасниш на другите дека не си од селото Бутел туку од населбата...
За Бадник е весело се вртат ора иако пола од комшиите се раскарани меѓусебно
Имаш девојка од Радишани или од населба
Завршуваш средно во Моша (Арсени Јовков)
Седењето во двор и зборењето преку ограда со комшијата ти е составен дел од секојдневието
Кога не ти се оди во Центар се шеташ по локалните улучки или одиш до пазарчето да си купиш семки и сончоглед од кај Кирпи
Кога правиш зимница сите знаат и тука се да ти помогнат...