Ако сакате да запознаете нечија душа, погледнете во насмевката на тој човек

 

Mногумина луѓе не знаат да се смеат. На крајот на краиштата, нема што да се „знае“. Тоа е талент и не се учи. Ќе научите само ако се превоспитувате, ако се развивате на подобро и ги совладате грдите делови на вашиот карактер.

За смеата пред сè е потребна искреност, а има ли искреност кај луѓето? За смеата е потребна невиност, а луѓето најчесто злонамерно се смеат! Искрената и безопасна смеа значи радост и дали во денешно време има радост кај луѓето и дали луѓето можат да бидат весели?

Човечката радост е неговата највидлива особина, која најмногу го издава. Moже да се случи долго да не можете да запознаете нечиј карактер, но штом човек се насмее, барем еднаш, сосема искрено, веднаш ќе ви се открие целиот карактер, како на дланка. 

Само човек со многу висок и многу среќен развој може да биде весел, и да ги зарази другите, т.е да биде неодоливо и љубезно весел. Не зборувам за неговиот умствен развој, туку за неговиот карактер, за целиот човек.

На тој начин, ако сакате да откриете некој човек и да ја запознаете неговата душа, не го гледајте како молчи, зборува или плаче, туку гледајте го кога се смее. Ако добро се смее, знајте дека е добар човек.

Намерно ја запишав оваа долга тирада за смеа тука, и на штета на зборувањето, бидејќи сметам дека тоа е едно од моите најсериозни сознавања за животот.

Фјодор Достоевски