Ако некогаш се заљубиш…

Ако некогаш се заљубиш:

Заљуби се во некој кој сака да знае која е твојата омилена боја и какво кафе пиеш.

Заљуби се во некој кој го сака начинот на кој се смееш и кој ќе направи сѐ за да те насмее.

Заљуби се во некој кој ја става главата на твоите гради само за го чуе отчукувањето на твоето срце.

Заљуби се во некој кој со гордост те бакнува во јавност и сака сите да те видат со него.

Заљуби се во некој поради кој ќе се прашуваш зошто на почетокот постоел страв од заљубување.

Заљуби се во некој кој никогаш не би сакал да те повреди.

Заљуби се во некој кој е заљубен во твоите маани и мисли дека си совршен баш таков каков што си.

Заљуби се во некој кој мисли дека баш ти си личноста покрај која би сакал да се буди секој ден.

Мика Антиќ