А1 Македонија е првиот телеком на домашниот пазар кој нуди Netflix, водечката светска стриминг услуга

Како дел од стратешкото партнерство на А1 Телеком Австрија Групацијата со Netflix, А1 Македонија станува првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што ја нуди оваа водечка стриминг услуга за своите корисници.

По тој повод, како дел од специјалната понуда, А1 Македонија го подарува Netflix Basic дo 12 месеци на сите корисници ќе склучат нов договор или ќе го обноват својот A1 Combo договор. 

Сите Netflix корисници може да ги гледаат содржините на смарт телевизори, мобилни телефони, таблет, стриминг уреди или конзоли за гејминг кои се поврзуваат со Интернет и нудат Netflix апликација или преку netflix.com. Оваа стриминг платформа нуди голем број на серии и филмови за сечиј вкус, меѓу кои и најгледаните фаворити Stranger Things, Rebel Moon, The Witcher, Leo, Black Mirror илиLeave the World Behind.

„Со големо задоволство денеска го најавуваме вклучувањето на Netflix во нашата понуда што претставува уште еден иновативен чекор на А1 Македонија кон обезбедување премиум содржини и супериорно корисничко искуство. Со понудата за пристап до оваа популарна услуга, на нашите корисници им го носиме најдоброто од забавата од удобноста на нивниот дом на супериорна оптичка мрежа. Со континуирано збогатување на нашето портфолио на услуги, се стремиме да ги надминеме стандардните телеком понуди, нудејќи премиум услуга која е уште подобро прилагодена на потребите и желбите на корисниците“, изјави Методија Мирчев, Извршен директор во А1 Македонија.

Подетално, корисниците кои ќе склучат нов или ќе го обноват својот A1 Combo договор со вклучена интернет тарифа А1 Net L и минимум една мобилна линија, добиваат подарок 12 месеци Netflix Basic, додека за A1 Combo M пакет со вклучена A1 Net M тарифа и барем една мобилна линија, корисниците добиваат подарок 6 месеци Netflix Basic. По овој период, корисниците можат да продолжат да користат Netflix преку А1, а регуларната претплата за Netflix планот ќе биде додадена во месечната сметка за А1 Combo.

Покрај оваа A1 Combo понуда, услугата Netflix преку А1 можат да ја активираат сите постпејд и фиксни корисници на А1. Netflix Premium планот е достапен за 615 денари месечно, Netflix Standard за 492 денари месечно, додека Netflix Basic планот е достапен со цена од 307 денари месечно. 

Корисниците на А1 можат да активираат Netflix и да управуваат со услугата, преку апликацијата Мојот А1. Оние кои веќе имаат корисничка сметка на Netflix, можат да ја префрлат преку А1 без да креираат нова. 

Со збогатувањето на продуктното портфолио со содржините на светски познатата стриминг платформа, А1 Македонија ја докажува својата посветеност во креирање понуди за супериорно корисничко искуство и ја потврдува својата позиција на пазарот како компанија која носи иновативни дигитални решенија кои нудат уште повеќе вредност за сите.