9 безобразно жешки совети за уште пожежок секс

Сите парови од време на време запаѓаат во криза. Кризата најчесто се пренесува и на сексот, а тој всушност може да биде и лек за кризата.

Поврзете се повторно со помош на сексот користејќи ги овие трикови. Немојте сѐ да исфорсирате одеднаш, сочувајте понекој кец во ракавот и за подоцна. Да започнеме со просто прашање: потребно ли ви е нешто друго освен чевли?

Само во чевли

Дури и ако не е заинтересиран за секс, ако се појавите пред него само со чевли, сосема голи, нема да му треба многу да се заинтересира. Чевлите ќе ви го подигнат задникот и ќе си изгледате поубаво и на себе, а тој нема да може да му оддолее на вашиот сензуален од низ собата. Изберете ги своите најубави чевли и не ги соблекувајте за време на сексот.

Валкани разговори

Испратете му порака во која ќе му напишете дека сте се возбудиле и дека со нетрпение чекате да се видите. Или почнете да му зборувате што сакате да ви прави додека заедно се возите од работа. Или јавете му се на телефон за време на работниот ден и кажете му дека сте многу возбудени и дека не можете да престанете да мислите на сексот со него.

Собарка

Купете униформа на француска собарка и „фрлете се “ на бришење прашина низ куќата непосредно пред неговото враќање дома. Кога ќе дојде, бакнете го и продолжете со средување на станот – вистински, но со доза сензуалност. Ако се обиде да ве „нападне“, кажете му да почека да завршите со средувањето, а за време на средувањето искористете ја секоја можност да ги истакнете своите атрибути или доведете го до лудило чистејки пред него или зад него. Исчекувањето само ќе ја зголеми напнатоста.

Допирање под масата

Излезете во ресторан, седнете еден спроти друг и почнете да флертувате со него и ласкајте му. Истакнете ги сите негови атрибути кои ви се секси во тој момент, а потоа почнете да му ја галите ногата со својата. На почетокот правете се дека тоа го правите случајно додека го проучувате менито, а потоа продолжете да го галите и додека келнерот стои покрај вас. Подоцна, подигнете ја ногата колку што можете до внатрешната страна на неговите бутини, флертувајте со него и кажете му дека едвај чекате да останете сами.

Без гаќички

Кога ќе излегувате заедно, не облекувате гаќички. Дури кога ќе дојдете во град, кажете му дека сте „заборавиле“ да ги облечете. Идеално би било тогаш да одите да купите нова сукња. Додека ја пробувате, тој пред гардеробата ќе ве замислува како соите без гаќички зад завесата. Кога ќе се вратите дома дозволете му да го допре долгопосакуваниот дел од телото ( добро би било тоа да го направи додека сте во движење), а дома дозволете му се.

Измислете дека имате фантазија со жена

Кажете му дека пред некоја вечер сте сонувале дека сте имале секс со жена и опишете му како ви било во сонот, што сте си правеле една на друга и колку сте уживале. Кажете му дека и тој бил во сонот и дека ве гледал од страна видно заинтересиран да ви се придружи. Ако сте отворени за тројка, пробајте ја, ако не сте, тој ќе се возбуди и со тоа што со него сте го споделиле својот сон.

Пуштете му порнич

Кога ќе дојде дома од работа, кажете му дека сте симнале од Интернет убав филм и дека сакате да го гледате заедно со него. Ако ве одбие затоа што е уморен, пуштете го филмот и сама гледајте го, а кога ќе види за што се работи, нема да оддолее да не ви се придружи. Кога атмосферата ќе се развие до точка на вриење, паузирајте го филмот и развијте си сопствен.

Снимете се себе додека мастурбирате

Искористете една вечер кога тој не е тука да мастурбирате и снимајте се додека го правите тоа. Препуштете се, пуштете порно филм кој нема ни да се слуша ни да се гледа на снимката или замислувајте си го партнерот и неговото возбудување кога ќе го види филмот. Замислувајте како стравствено ќе води љубов со вас. Вдишете и повремено изговарајте го и неговото име. Филмот префрлете го на неговиот компјутер и напишете „Само за твоите очи“, па трпеливо чекајте реакција.

Самозадоволувајте се пред него

Додека навечер седите и гледате телевизија, почнете изненадно да се допирате и да се мазите. Префрлете ја едната нога преку неговите, навалете се на потпирачот, подигнете ја сукњата или ноќницата, потргнете ги гаќичките и колку и да е задлабочен, телевизорот ќе престане да постои за него. Препуштете се, соживејте се, вдишете и никако не му дозволувајте веднаш да ве допира. Дискретно тргнете му ја раката ако тргне кон вас и продолжете да го провоцирате со погледот. Експлозијата ќе биде неизоставен момент.