75-годишен возач со „југо“ прегази 93-годишник од Скопје

75-годишен возач со „југо“ прегази 93-годишник од Скопје. 

Како што соопшти полицијата, вчера во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со сервисна улица, патничко возило „југо корал 45“, управувано од М.Р.(75) од Скопје, удрило во пешакот Р.М.(93) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.