42-годишен маж од Делчево загина на „лице место“ во сообраќајка

42-годишен маж од Делчево загина во сообраќајна несреќа. Неговиот совозач е тешко повреден. 

Вчера во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, соопштија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.