2 состојки кои го уништуваат целулитот

Битката со целулитот е актуелна во текот на летните месеци за многу жени. Но, постои моќна комбинација која е голем сојузник во оваа битка.

 

Оваа комбинација е многу корисна против целулитот. Доволни се само 10 минути масажа дневно.

Станува збор за комбинацијата на масло од боровинки и маслиново масло. Имено, етеричното масло од боровинки го поттикнува исфрлањето на штетните материи и вишокот вода од организмот, поради што има заслужено место во производите против целулитот.

Потребни состојки:

20 капки етерично масло од боровинки

половина шолја маслиново масло

Начин на подготовка:

Разредете го етеричното масло во маслиновото масло и тоа е тоа. Масирајте барем 10 минути дневно на местата каде го имате целулитот. Правете го тоа со кружни движења во насока на срцето, но трудете се притисокот да биде пријатен, не притискајте премногу.