19-годишник со „пасат“ излета од пат, тешко е повреден

19-годишно момче е тешко повредено во сообраќајка во штипско. 

- На 06.05.2024 во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Плачковица, на влез од село Стар Караорман, штипско, патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(19) од с.Јонузлија, општина Карбинци, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.М., констатирани во Клиничката болница Штип, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.