18. ден Македонија ќе татне, вечерва продолжува маршот „За заедничка Македонија“

Денеска по 18 пат граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ масовно ќе протестира низ скопските и улиците на уште 30 други градови низ земјата за зачувување на унитарноста и на сувереноста на Република Македонија.

Попладнево ќе има протестни маршеви во 31 град низ Македонија.

– 18 ден. Македонија е будна и тоа им е јасно на се повеќе и повеќе луѓе. Се рушат рекордите за масовност. Повеќе од 150 000 се на улиците секој ден „За Заедничка Македонија“. Приклучете се! – повикаа од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Погледнете го распоредот: