10 причини зошто сексот во лето е подобар

На крајот на краиштата, тоа е доба во годината кога за тоа најмногу размислуваме.

Летото е време кога либидото го достигнува својот врв. Повеќе отколку во која било друга доба од годината, апликациите за запознавање се преблокирани, а прегледите на порно страниците се зголемуваат. Меѓутоа, зголемениот интерес за секс не е забележлив само во виралниот свет туку и во нашиот реален живот. За време на летните месеци расте продажбата на кондоми и јасно е дека луѓето сакаат повеќе секс.

Ако се обидеме тоа да го објасниме биолошки, ќе се фокусираме на зголеменото производство на серотонин поради подолгото изложување на сонце. Зголемен серотонин значи и подобро расположение па сме поотворени за нови работи и нови познанства.

Секако, возбудувањата кои ги носат летните одмори исто така може да ја одиграат својата улога. На крајот на краиштата, во лето имате повеќе стимуланси во видното поле затоа што не се само згодните тела на плажа тие кои привлекуваат внимание, туку и лесните и проѕирни алишта. За време на летото, луѓето имаат повеќе слободно време на располагање и секако поради опуштениот начин на живот се раѓа и поголема желба за секс.

Постојат некои причини зошто сексот е подобар во лето.

  1. Подобро се грижиме за своето тело и имаме поголема самодоверба.
  2. Исончани сме и се чувствуваме посексапилно и тоа со задолство го покажуваме.
  3. Се опуштаме од стресот на секојдневниот живот и повеќе уживаме.
  4. Жештината носи желба за секс, а во лето тоа докажано се случува.
  5. Сакаме да откриеме повеќе работи додека посетуваме повеќе места.
  6. Постојат повеќе можности да пробаме нешто поинакво со нашиот партнер.
  7. Имаме повеќе можности за секс ако немаме партнер.
  8. Коктелите често помагаат да бидеме поопуштени.
  9.  Генерално имаме подобро психолошко расположение.
  10. Мажите се, од некоја причина, посексапилни во лето.