10 нешта на кои ќе го научам мојот син

Децата не се нешта кои треба да се обликуваат, туку луѓе чија суштина треба да се одвитка како подарок.

Ова се неколку нешта кои една мајка ќе го научи својот син.

  1. Никогаш не ја кревај раката на никого. Насилството не решава ништо.
  2. Изразувањето на чувствата е во ред. Тоа не е слабост. Не се плаши да сакаш. Не се плаши од чувствата.
  3. Никогаш не се обраќај кон жена со погрдни зборови. Не и ставај етикети. Употреби го нејзиното име, смисли мали слатки имиња кои таа ќе ги обожава.
  4. И ти ќе искусиш кршење на твоето срце и многу раскинувања, но најважно е како ќе се соочиш со тоа.
  5. „Не“ значи „не“. Без исклучоци.
  6. Никогаш не оди лут на спиење.
  7. Научи да се извинуваш. Научи да простуваш. Тешко е, но тоа ќе те ослободи.
  8. Мораш да знаеш дека довербата се заслужува.
  9. Најди го тоа што те прави среќен и следи го.
  10. Однесувај се кон другите на начин на којшто сакаш тие да се однесуваат со тебе.