„Звуците на Скопје“ во МКЦ

Целовечерен концерт на неколку реномирани имиња, изведувачи на македонска етно и народна музика  ќе се одржи на 19 декември во салата “Фросина“ при Младинскиот културен центар – Скопје.

Ќе настапат Ансамбл “Билјана“, Нино Величковски, Наум Петрески  и Миле Кузмановски како специјален гостин на вечерта, Нино, Наум и Миле ќе ни ја донесат македонската староградска музика и ќе ни покажат како звучело Скопје во минатото.

Почетокот на концертот е во 20 часот а цената на билетите во 250 денари.