Зошто жените не треба да се венчаат и зошто мажите кои се во брак заработуваат повеќе и живеат подолго

Бракот е сексистичка патријархална конструкција која во голема мера ја користат мажите, а жените ги става во неповолна положба.

Експертката за секс, Надја Бокоди, им објаснила на своите следбеници на Инстаграм зошто мисли дека жените треба да избегнуваат брак со мажите.

„Бракот е сексистичка патријархална конструкција која во голема мера им користи на мажите, а жените ги става во неповолна ситуација“, напишала таа, па додала:

„Венчаните мажи заработуваат повеќе и живеат подолго како резултат на семејната работа која жената треба да ја извршува за нив. Невенчаните жени живеат подолго, заработувајќи повеќе и посреќни се. Истражувањата дополнително покажуваат дека колку IQ-то на мажите е поголемо, поверојатно е дека тие ќе се венчаат, а кај жените тоа е обратно“, објаснила таа.

Таа исто така додала и дека очекува мажите сега да коментираат и да кажат дека „ги мрази“, но сепак експертката останува на своето мислење.

„Моментално податоците покажуваат дека 70 отсто од разводите ги иницираат жените“, нагласила Бокоди за крај.

Дали вие се согласувате со нејзиното мислење или пак имате некое друго мислење? Споделете го со нас во коментари!