Зошто втората љубов секогаш е подобра од првата љубов?

Обично велат дека ако човек се заљуби два пати, тоа значи дека првиот пат не се работело за љубов. И ова е вистина за многумина, бидејќи во суштина луѓето најчесто немаат најубаво искуство со првата љубов. А кога навистина ќе се заљубиш, сакаш да трае вечно. Затоа втората љубов има посебно место во нашите срца. Втората љубов ве лечи и прави да се чувствувате подобро.

Еве зошто втората љубов е секогаш подобра од првата љубов:

Заздравување

Втората љубов се чини дека ги брише раните од правата љубов и прави повторно да можете да сакате со цело срце. Луѓето ги привлекуваат луѓе кои ги сакаат и се грижат за нив. Втората љубов има моќ да го излечи срцето и да ве направи подобар човек.

Сила

Ви дава сила! По првото скршено срце, оваа љубов ви дава сила за да продолжите и преболите. Таа е безусловна поддршка.

Интензитет

Откако човек ќе се соочи со болното искуство од скршеното срце, интензитетот на втората љубов ќе биде уште поголем. Се гради доверба и вие ќе бидете луди еден за друг и тоа на позитивен начин.

Сигурност

Втората љубов е сигурна љубов. Знаете дека не се зафркавате и не губите време за џабе, туку сте сериозни за иднината. Поради тоа го имате и постојано чувство на сигурност...

Разбирање

Искуството го подобрува човекот! Откако ќе стекнете искуство во нешто, вие автоматски сте добри во тоа. Затоа гледајте на љубовта како на тест и дека со втората љубов и разбирањето се подобрува.

Разгалување

Втората љубов најчесто е полна со разгалување и нежности и затоа е подобра од првата љубов. Толку често се разгалувате што тоа ви е сосема нормална работа.

Помалку кавги

Сега кога знаете во која насока може да оди кавгата, ќе внимавате што кажувате и ќе внимавате да не ја повредите другата страна.

Поголема посветеност

Сите луѓе повеќе се посветуваат во втората љубов, затоа што постои страв дека можеби ќе ја изгубат. Затоа втората љубов е подобра!

Верба

Втората љубов знае како да постави различни предизвици во различни ситуации. Но,  вербата ја прави втората љубов посилна и подобра.

Подолго трае

Дури и ако заврши, ќе забележите дека долго траела.

air max 90 essential sale