Зошто во животот не го добиваме она што го сакаме?

Некогаш промените се тешки, но често се неопходни. Кога посакуваме да растеме, да напредуваме и да се развиваме, очекуваме промени на подобро. Но, што ако тие никако да дојдат во нашиот живот?

Photo by Alex Radelich on Unsplash

Постојат ситуации во кои се трудиме да создадеме иднина согласно на нашите желби, но тоа некогаш доаѓа бавно  и нè прави нетрпеливи.

Но, кои се точно причините за тоа?

Страв од неуспех

Стравот од неуспех е веројатно најчеста причина за недостаток на промени во нашиот живот. Се плашите дека ако пробате нешто да промените, дека можеби ќе се најдете во полоша ситуација од претходно. Токму таквите мисли се причината зошто многу луѓе остануваат таму каде што се и  не се обидуваат да внесат ништо ново во животот.

Страв од успех

Звучи чудно, но многумина си велат: Но, што ако успеам? Не се плашиме од убава куќа, повеќе пари, престижна професија, туку веројатно од големината и одговорноста која доаѓа со сето тоа. 

Мислите дека имате доволно време

Ако имате големи планови, најдобро време да се фокусирате на нив е СЕГА. Но, некои луѓе сметаат дека не е вистинското време за да направат голем чекор. Не можете засекогаш да ги одложувате своите соништа. 

Чекате некаква надворешна поддршка

Голем дел од луѓето очекуваат поддршка од другите, бидејќи не веруваат во себе. Сето тоа е сосема во ред. Но, некогаш другите луѓе се зафатени со своите планови. Вие сте вистинската личност која треба да верува во себе.