Зошто треба почесто да се дружите со вашите тетки?

Врската меѓу родителите и децата е најсилна на светот, но често ја забораваме важноста и на останатите членови на поширокото семејство, кои нѐ сакаат и се грижат за нас. А можеби тетките се и најважните личности во нашиот живот после родителите. За нив нѐ врзуваат многу драгоцени моменти од детството. Да се биде добра тетка бара огромен труд, фантастично искуство и многу љубов. 

Улогата на тетката: 

Тетката може да му покаже на детето целосно различна претстава за животот, различна од онаа која ни ја нудат родителите. Таа ги кажува работите онакви какви што сѐ, а не од стојалиштето на доброто воспитување. Ни подава рака за помош, без многу морализирање.

Тетката секогаш доаѓа на важни празници и ни носи подароци. 

Секогаш е добро расположена и обично добро ги знае сите успеси на своите внуци, но не и неуспесите. Со неа е секогаш забавно. 

Од неа добиваш милион бакнежи и прегратки. Со оглед на тоа дека не ги гледа секој ден внуците, во меѓувреме во неа собира уште повеќе нежност за нив. 

Кога децата се плашат да ги споделат своите проблеми со родителите, тие можат да го сторат тоа со тетката. Секогаш е подготвена да ги сослуша и да им помогне, а она што ќе го слушне го чува како тајна. 

Тетките со своите внуци споделуваат важни животни мудрости.

Тетката со задоволство ќе им чита на помалите внуци. 

Тетката ретко вика, секогаш е расположена за своите внуци.

Колку повеќе внуци, толку е тетката посреќна.

За сѐ она што таа ни го дава во животот, навистина треба да ѝ се заблагодариме за нејзиното постоење во нашиот живот.