Зошто толку ја сакаме есента?

Есента е годишно време кое ги симболизира новите почетоци.

Photo by insung yoon on Unsplash

Тоа е психолошкото објаснување зошто толку ја сакаме есента. Поголем дел од нас се среќни со жолтата боја околу нас, мирисот на зимниците во нашето маало и можноста да се стуткаме под ќебе со шолја топол чај и какао. Ова е и период кога можеме да го одмориме телото и умот. 

Психолозите додаваат дека есента во нас го буди и чувството на носталгија. Чувството поврзано со есента ни носи чувство и на нов почеток и од времето кога бевме деца и почнуваше школската година. Според др. Еми Џејн Грифин, психолог и професор на универзитетот Чепмен, луѓето ја сакаат есента бидејќи се поврзани со традиции и случувања кои им носат спомени од едни посреќни и безгрижни времиња. 

Photo by Jakob Owens on Unsplash

За многумина од нас, тоа е поврзано со берењето грозје, правењето вино или ракија, печените костени, ајварот и другите зимници и подготовката за студената зима. 

Сите го сакаме пријатното чувство кое ни го носи есента, но и предвидливоста. Кога минуваме време дома со своето семејство, во топлината на својот дом.