Зошто толку боли скршеното срце?

Раскинувањето речиси секогаш е непријатно и болно искуство, но многумина воопшто не се свесни дека најчесто љубовта не е изворот на болка која ја чувстваат по раскинувањето. За подобро да ги разбереме своите чувства во тие тешки моменти, корисно е да се запознаеме и со психолошките толкување на болката по раскинувањето или разводот.

Тагата и ефектот на „скршеното срце“, кои следуваат непосредно по раскинувањето, воглавно се предизвикани од комбинација на чувства кои немаат врска со љубовта. Многу е важно да бидете свесни за ова кога се обидувате да преболите некого – ако сте запознаени со изворот на вашите чувства, лесно можете да ги контролирате и така да си помогнете во процесот на емотивното опоравување.

Идејата дека ќе останеме засекогаш сами

Без оглед на тоа дали врската била совршена или била вистински кошмар, чувството на загуба е втиснато во човечката психа и често е поврзана со болката и депресијата. Раскинувањето со некој во исто време претставува и почнување одново, а многу луѓе не се во состојба да се носат со тоа, најчесто поставувајќи си прашања од типот: „Што ако нема друга личност за мене?“ или „Како ќе најдам некој кој ќе излезе на крај со мене?“, а овие прашања водат кон поголемо ниво на стрес и несигурност.

Меѓутоа, ако малку подобро погледнете, можете да видите дека овие чувства немаат никаква врска со вашите бивши партнери. Тука не станува збор за чувствата кои сте ги споделувале, туку исклучиво за вашата благосостојба, а штом запознаете некој нив, стравовите моментално ќе исчезнат.

Неразрешените проблеми почнуваат да излегуваат на површина

Многу луѓе, често и несвесно, ги користат своите врски за да ги прикријат проблемите во своите животи. Какви и да се изворите на тие проблеми: од лош однос со родителите или некој друг член на семејството, до проблеми на работа или со пријателите, тие лесно држат под контрола додека врската е добра.

Секако дека се се руши по раскинувањето, а кога повеќе немате каде да побегнете, сите нерешени проблеми почнуваат да излегуваат на површина. Можете да забележите дека и ова не е директно поврзано со вашиот некогашен партнер.

Решите ги личните проблеми пред да влезете во врска и на тој начин секогаш ќе имате нешто или некому да се обратите кога работите ќе тргнат на лошо.

Повредено его

Кога ќе раскинете, односно кога ќе ви раскинат, најчесто страда вашето его. Сосема е разбирливо дека  е тешко да не се биде повреден кога некој ќе ви стави до знаење дека повеќе не ве сака. Рака под рака со егото страда и вашата самодоверба и се будат многу несигурности.

Тогаш е најважно да сфатите дека вашата вредност не ја дефинираат луѓето околу вас. Ако некој не сака да биде дел од вашиот живот, тогаш тоа е негов пропуст, а не ваш проблем.

Луѓето често раскинуваат од причини кои немаат никаква врска со нивните партнери, туку од лични побуди кои се пресудни. Кога тоа ќе го сфатите, полесно ќе преземете контрола над вашите чувства и патот кон закрепнувањето ќе биде значително побрз.

Што ако причината за раскинувањето е мојот изгледа?

По раскинувањето, човековиот ум умее да почне да копа по мрачни места за да открие зошто сме оставени. Ова често води кон негативни мисли кои се манифестираат во вид на несигурност околу сопствениот физички изглед. Проблеми со ниската самодоверба можат да имаат разорен ефект на личноста.

Иако ова е лесно, истовремено е и погрешно да се користи врската за да се чувствувате подобро за сопствениот изглед, затоа што тоа чувство на сигурност ќе исчезне веднаш по раскинувањето. Научите да се сакате себеси и бидете задоволни со својот изглед без оглед на тоа дали сте во врска или не – самоувереноста ве прави привлечна личност за сите во вашата околина.

Што сега?

Колку сте подолго во врска, толку полесно ќе се навикнете да функционирате како пар, прилагодувајќи го својот живот на партнерот. Кога на врската ќе и дојде нејзиниот крај, многу доскорешни парови се наоѓаат во многу непријатна ситуација – ненавикнати се да функционираат поединечно.

Тогаш се поставува прашањето: „Што сега?“, на кое многу е тешко да се даде одговор. Запаметете дека ова повторно нема врска со вашиот партнер и врската, туку со излегувањето од комфорната зона и рутините во кои сте западнале. Единствениот начин да го пребродите ова е да најдете нови занимаци, хобија или да пробудите некои стари интереси кои паднале во заборав.