Зошто скопските возачи не ги почитуваат правилата во сообраќајот?


На територијата на Скопје вчера се казнети 163 возачи во засилена полициска контрола. Од нив, за возење со брзина поголема од дозволената се изречени 49 санкции, 13  за возење без возачка дозвола, девет за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

-Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти Министерството за внатрешни работи и напоменува дека засилените акциски контроли ќе продолжат со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.