Зошто сите треба да бидеме посочувствителни луѓе?

Живееме во свет во кој добиваме задоволство од интернетот.  Се ни е достапно само со неколку типкања по тастатурата. Ние исто така имаме инстантен пристап до сите социјални мрежи.

Социјалните мрежи можат да направат некој да биде храбар – ги прават луѓето војници преку тастатура. Луѓето кажуваат злобни и ужасни работи само затоа што се анонимни и затоа што им се може.

Тие ќе се обидат да ве уништат само затоа што тоа им се чини забавно.

Секојдневно на телевизија и социјалните мрежи слушаме и читаме за убиства, силувања, злоставување на деца и други ужасни работи.

Постојано слушаме за некој нов криминал. Тоа веќе почна да не оттупува и почнавме да забораваме да мислиме за тоа како се чувствуваат луѓето поврзани со жртвите.

Треба да почнеме да размислуваме за овие работи, не како нешто што се случува далеку или нешто што никогаш не би можело да ни се случи нам, туку како нешто што му се случило на соседот кој поминува низ тешки времиња.

Мора да почнеме повеќе да сочувствуваме со другите и за она низ коешто минуваат.

Мора да престанеме да користиме сурови зборови за да ги повредуваме другите само затоа што ни се може и да почнеме да се поддржуваме.

Нашиот свет се руши и гори околу нас и ние сме единствените кои можеме да го забавиме овој процес.

 

Бидете љубезни, бидете сочувствителни. Мислете и на другите, а не само на себе. Сакајте се еден со друг.