Зошто силните жени не се плашат од одбивање?

 

Без оглед на тоа за што се работи, одбивањето секогаш боли. Но, дали сте забележале дека некои луѓе потешко се справуваат со одбивањето од други? Психички силните жени го користат одбивањето за да станат посилни и подобри. Начинот на кој реагирате на одбивањето може да го одреди текот на вашата иднина. Еве зошто силните жени не се плашат од одбивање:

Тие не ги негираат своите чувства

Наместо да ги поттиснуваат и игнорираат, силните жени ги признаваат своите чувства. Тие признаваат кога им е неудобно, кога се тажни, разочарани или обесхрабрени, затоа што имаат доверба во својата способност да се носат со тие чувства, што е важно за соочување со нив на здрав начин. Најдобар начин да се носите и да се изборите со негативните чувство е директно да се соочите со нив. 

Тие го гледаат одбивањето како доказ за тестирање на границите на возможното

Психички силните жени знаат дека одбивањето служи како доказ дека тие го живеат животот со полни гради. Тие очекуваат дека понекогаш ќе бидат одбиени, но не се плашат од тоа, дури и кога знаат дека навистина ќе се случи.

Тие имаат сочувство кон себеси

По одбивањето, силните жени имаат сочувство кон себе и не се преостри и престроги кон себеси. Знаат дека тоа што се случило е еден чекор назад, но свесни се и за тоа дека ништо не е толку трагично и дека не треба да си упатуваат лоши зборови кон себеси. 

Тие не го прифаќаат ставот дека одбивањето ги дефинира

Психички силните жени не прават далекусежни генералици. Толку не ја добијат посакуваната работа, тие не сметаат дека тоа е крајот на светот и дека нема да добијат друга работа. Ако ги одбие мажот кој го сакаат, тие не сметаат дека секој друг маж ќе ги одбие. Едноставно не дозволуваат тоа да ги дефинира. 

Тие учат од одбивањата

Психички силните жени секогаш се прашуваат што научиле од одредена ситуација. Наместо да ја толерираат болката, тие ја претвораат во можност за личен развој. И така, со секое одбивање, тие стануваат посилни и подобри.