Зошто сексот после кавга е толку добар?

 

Без разлика дали се во добра или лоша врска, многу парови најдобриот секс го доживуваат после кавга. Насобраната нервоза која во кавгата кулминира, преку сексот се опушта и се ослободува. Освен тоа, после голема кавга потребно е да се вложи дополнителен труд за „успешен“ секс кој треба да каже „Гледај колку сме блиски, колку љубов можеме да си пружиме, колку само припаѓаме еден на друг...“

Во текот на една кавга во нас се подигнува нивото на хормонот тестостерон кој е одговорен и за сексуалната желба и либидо. Затоа е и нормално човекот да сака да се ослободи од тој хормонски вишок кој се насобрал во него. За време на водењето љубов престануваме да бидеме насочени кон кавга и изнесување аргументи, во тој момент не преплавува задоволство и од таму одеднаш како да доживуваме пресврт. Се што било многу важно во караницата, одеднаш станува неважно и се заборава.

Од друга страна, ако кавгата настанала поради проблем кој стално се појавува и ја уништува врската, тешко дека сексот може да помогне. Тој тогаш само ја заташкува ситуацијата. Не дека не може да биде добар, но кога ќе заврши партнерите повторно се враќаат во реалноста. Затскривањето на проблемите и нивното неневремено решавање може да доведе до крај на врската или до врска во која партнерите не се задоволни и тоа свое незадоволство го пренесуваат на околината.