Зошто секогаш трчаме по оние коишто се рамнодушни кон нас?

Дали некогаш сте се запрашале зошто секогаш ги сакаме работите кои не можеме да ги имаме?

Веројатно барем еднаш во вашиот живот сте мислеле дека „тревата е позелена кај соседот“, но никогаш не сте можеле да одгатнете зошто секогаш сте трчале по тоа што го имало таму. Не сте единствени, затоа што во природата на човекот е да ги сакаме работите кои мислиме дека не можеме да ги имаме, односно постои поврзаност за работите кои сакаме да ги имаме, а кои мислиме дека се премногу добри за нас.

Исто така постои добра причина поради која речиси секој романтичен филм се врти околу едната иста приказна: На една личност и се допаѓа друга личност, која е надвор од нивната „лига“. Ова се има врска со верувањето дека љубовта и атрактивноста се исти кога е во прашање фасцинирањето на некоја личност.

Баш поради тоа и луѓе сакаат да покажуваат незаинтересираност за луѓето кои им се допаѓаат. Тоа е нешто што оди во спротивност на човековата природа, кога сакаме нешто што знаеме дека не можеме да го имаме.

Оние за кои мислиме дека се надвор од нашиот досег имаат голема вредност за нас. Од биолошки аспект има смисла што сакаме да бидеме со некој кој е подобар за нас, затоа што тоа е поврзано со репродукцијата и создавањето потомци. Луѓето со времето еволуирале природно да бараат партнери кои се здрави и силни, но и доволно емотивно зрели за да ги заштитуваат и да им бидат верни.

На подлабоко ниво, постои мал дел од нас кој верува дека не сме вредни за љубов. Токму таа несигурност прави секоја личност да се чувствува помалку вредна. Па кога личноста ќе стави малку вредност на себе, истото го прави и за својот избор. Оттаму произлегува познатата реченица: „Не знам како можеш да ме сакаш.“ или други слични изјави. Се чувствуваме удобно во ловот на личноста којашто ни се допаѓа, но нам ни е сосема во ред и нивното одбивање. Од некоја причина, нам порадо ни прија одбивањето на личноста во којашто сме заљубени отколку наклоноста на личноста за која мислиме дека има помала вредност.

Резултатот од сето ова е тоа што ги одбиваме оние кои отворено ни покажуваат интересирање заради оние кои се „подобри“, а се со цел да имаме здрави потомци.

Сепак, сметаме дека на сите треба да им се даде шанса, а доколку тој некој навистина не не импресионира, едноставно морате да му објасните дека не сакате врска и дека можете да останете пријатели.