Зошто секогаш сакаме да бидеме на друго место?

Дали давате отпор на она што е тука и сега?

Некои луѓе секогаш би сакале да бидат на некое друго место. Нивното „тука“ никогаш не е доволно добро. Со самонабљудување откријте дали тоа важи и за вас. Каде и да се наоѓате, секогаш бидете тука во целост. Откријте дали „тука и сега“ се неподносливи и ако сте несреќни поради тоа, имате три можности: да си заминете од таа ситуација, да ја промените или да ја прифатите. Ако сакате да преземете одговорност за сопствениот живот, морате да одберете една од овие три можности и морате да го сторите сега. Тогаш прифатете ги последиците. Без никакви изговори. Без негативности. Без психичко загадување. Вашиот внатрешен простор нека остане чист. Ако преземете нешто, со заминување или промена на ситуацијата – најпрво отфрлете ја негативноста, ако е тоа возможно. Постапката која извира од увидот во она што е потребно е многу поделотворен отколку дејството кое извира од негативноста. 

Било какво дејство е подобро од никакво, особено ако подолго време сте во несреќна ситуација. Ако сте се нашле во таа ситуација поради сопствените избори, барем нешто учите од тоа, а во тој случај, не се работи за грешка. Ако останете заробени во ситуацијата, нема да научите ништо. Дали стравот ве спречува да преземете нешто? Признајте го тој страв, набљудувајте го, посветете му внимание и бидете потполно присутни. На тој начин ќе ја пресечете врската помеѓу стравот и размислувањето. Не дозволувајте стравот да се воздигне до умот. Користете ја моќта на сегашниот момент. Стравот не може да биде посилен од таа моќ. 

Екхарт Тол, извадок од книгата „Моќта на сегашниот момент“