Зошто се јавува љубомора во врските?

Мажите се љубоморни на своите претходници, жените на своите наследнички.

Првите знаци на љубомора во врската вообичаено се поврзани со нашата самодоверба, односно недостатокот на истата. Откако ќе помине првиот занес, кога личноста почнува да ни значи повеќе, доаѓа до страв дека би можеле да ја изгубиме, односно дека не сме доволно добри дека би можеле да го задржиме партнерот или пак дека неговите/нејзините чувства ќе се намалат или исчезнат.

Доаѓаме до фаза кога почнуваме да зборуваме за претходните врски. Притоа, кај мажите се јавува сомнеж дали ќе бидат подобри од претходните дечковци на девојката, а кај женската популација се јавува страв дека би можела да биде заменета со некоја нова, која можеби може да понуди повеќе.

Жените се обично тие кои сфаќаат дека минатото е минато и дека не можат да направат многу во однос на тоа. Тоа што за нив е важно во претходните врски е тоа како сте се однесувале кон жените во таквите врски и генерално како мажот се однесува со жените во својот живот. Доколку сте ја изневерувале својата партнерка, тие сфаќаат дека голема веројатноста да ги изневерите и нив и затоа немојте да бидете зачудени ако таа чувствува љубомора од тој вид.

Малку љубомора е здрава за врската. Притоа, зборуваме за љубомора која је предизвикана од стравот да ја изгубиме саканата личност и која се манифестира во ретки ситуација, со некаков поглед или негодување. Таквиот љубомора може лесно да се тргне од нас со прегратка, бакнеж, нежен збор или објаснување од страна на саканата личност.  Но, од друга страна пак, патолошката љубомора која ја гуши врската, а која е предизвикина од недостатокот на самодоверба на едната страна предизвикува големи проблеми во врската и може целосно да ја уништи. 

Сепак, секоја ситуација треба да биде разгледана присебно, да се најде причината за љубомора и да се отргне. На врската треба да се работи постојано, а љубомората може да биде само мал зачин или голем проблем, зависно од двата партнери.