Зошто романтичните девојки тешко наоѓаат љубов?

Постојат многу причини зошто дури и најдобрите девојки не го нашле вистинскиот, но можеби претерано романтичните ставови се она што пречи тие да воспостават адекватен емоционален однос во реалноста.

Зошто романтичните девојки тешко ја наоѓаат љубовта?

Веруваат дека љубовта треба да биде подобра од животот

Тие ја познаваат љубовта само од книгите и филмовите, односно воопшто не ја познваат. Тоа во нив буди најсилни чувства и очекувања кои ретко кој може да ги исполни. Реалноста никогаш не е како во филмовите и книгите. Дел од девојките го знаат тоа, но тие сепак очекуваат прекрасни и бајковити нешта во својот живот. Тие бараат љубов која ќе ја победи баналноста и монотонијата на секојдневието, односно љубов која ќе им го смени животот. Треба да знаете дека односот меѓу две личности е многу динамичен и променлив, со падови и успеси, но најголем дел  се состои од истрајување и компромиси.

Настојуваат да ги задржат своите идеали

Романтичните девојки често сметаат дека нивните идеали се драгоцени и дека треба да се управуваат согласно на нив. Тие не сакаат да се менуваат и не сакаат да ја слушнат вистината, дека љубовта не е секогаш така розова. Во своето срце, овие девојки избираат да останат девојчиња во свет полн со фантазии и очекувања за некаква магија која треба да се случи.

Кога ќе се најдат во романтична ситуација, таа не ги исполнува нивните очекувања

Реалните романтични ситуации често предизвикуваат треперење и стрес. Кога некоја личност ни се допаѓа и се препуштаме на тоа, првите моменти се навистина магични и романтични. Но, како што поминува времето, таквите моменти се почести и романтиката ја нема истата магија и диманика. Од друга страна, мажите не се премногу романтични, но тоа не значи дека тие не ја сакаат избраната девојка. Голем дел од нив навистина се трудат, но таквите романтични ситуации не се како во филмовите.

Нивните стандарди се превисоки

Романтичните девојки очекуваат во нивниот живот да се појави принцот на бел коњ, Супермен или некаков јунак кој ќе им го украде срцето. Во реалноста, најквалитетните мажи имаат свои животи и наоѓаат смисла во различни нешта. Тие не можат секогаш да бидат тука и да бидат нивниот спасител. Вистинската врска носи многу љубов и почит од двете страни, но не и потчинетост од страна на мажот.