Зошто прегратките ни помагаат да се чувствуваме (по)добро?

Ново истражување ни дава одговор зошто прегратките ни предизвикуваат добро чувство.

Според резултатите, допирот кој се случува меѓу две индивидуи како прегратка, држење за раце или пак галење, предизвикуваат психолошки промени кои се важни за нашата емоционална добросостојба и здрав развој.

Според др. Жоу Фенг Чен – професор по анестезиологија и психијатрија на Универзитетот Св. Луис во Вашингтон, пријатниот допир е карактеристичен за сите живи суштества, не само луѓето. 

Според Чен, главниот начин на кој им се дава поддршка на бебињата е преку допир. Исто така, држењето на раката на личност која е пред смртта е многу моќна поддршка. Животните сакаат да ги галиме, луѓето се ракуваат и прегрнуваат. Масажите исто така ја намалуваат болката и стресот и нудат мноштво бенефити во различни аспекти од живеењето.

Истражувањето кое било спроведено на глувци дало интересни податоци во однос на глувците кои не биле галени во текот на нивниот живот и дека тие покажувале чудни начини на однесување. Спротивно на тоа, кај преостанатите се забележувал невротрансмирерот prokinecticin 2 кој всушност покажува позитивна реакција во нашиот мозок при секој допир. 

Ова дополнително покажува колку е важен допирот од мајката особено во првите месеци од раѓањето, не само кај луѓето, туку и сите живи суштества.