Зошто повикот е секогаш поромантичен избор?

Порака или повик? Ова одамна веќе се дискутира насекаде. Што е полично? Што е поважно? Во време на постојано пишување пораки и допишувања, реткост е некој да се јави некому само за да го слушне неговиот глас.

Затоа денес ви даваме неколку предности на старото, добро јавување и зошто секогаш ќе има предност пред допишувањето и пораките.

Повикот е СЕГА

Се што се случува, се случува веднаш и има малку време за реакција – затоа момчињата секогаш попрво ќе бираат недиректен начин на комуникација, а мажите ќе се јават и директно ќе разговараат со вас.

Нема лажење и манипулирање

Многу е лесно да се лаже преку пораки. „Не ја видов пораката“ или „Не го разбрав тоа“ се изговори кои едноставно не проаѓаат кај повикот. Повикот е поискрен, а момчињата често преку пораките знаат да бегат од вистината.

Повикот може да е чуден, но е реален

Многу е лесно да ја прочитате пораката, да го смислите одговорот и на тој начин да ја контролирате ситуацијата. Мажот кој се јавува знае дека работите преку повик можат да станат чудни, дури и малку непријатни, но за разлика од момчето и многу му е важно комуникацијата да биде реална, а не манипулирана. 

Повикот е романтичен

Иако повикот е малку старомоден начин на комуницирање, особено кога ќе земете предвид какви се апликации постојат, но постои нешто џентлменско во повикот. Куцкањето на телефон е забавно, но повикот си е повик.