Зошто овесната каша е најдобриот појадок кој можете да го подготвите?

Секоја година различни диети и начини на исхрана стануваат популарни, но едно нешто е константно - овесната каша за појадок. 

Кога нема дотатоци, таа има неутрален вкус и можете да ја комбинирате и со благи и со солени продукти. Клучна состојка во овој избор за појадок се јаглехидратите кои потекнуваат од овесот и кои се важни за сите оние кои се активни уште од најраните утрински часови, сè до крајот на денот. 

Овесната каша можете да ја подготвите со варење овесни снегулки во вода или млеко или нивно „киснење“ неколку часа во омиленото млеко. На тој начин добивате комплетен оброк кој освен што е богат со здрави јаглехидрати, во себе содржи и растителни влакна, витамин Б и магнезиум. 

Иако најчесто се јаде за појадок, вие можете да ја јадете и како ужина или во кој било дел од денот. Сепак, не претерувајте со дневната количина, бидејќи може да ги апсорбира хранливите материи од другите намирници кои ги внесувате. 

Секако, доколку можете, избегнувајте засладување. Користете најобични овесни снегулки, наместо оние со ароми и додатоци за вкус.