Зошто она што највеќе го посакуваме најчесто доаѓа кога ќе „заборавиме“ на тоа?

Понекогаш во животот, има работи кои очајнички ги посакуваме, но желбата и дејствата не ги даваат посакуваните резултати. Можеби сте направиле сè што е можно во практична смисла за да ви се оствари посакуваното, но вашите напори останале ненаградени.

Постојат моменти кога она што го сакате не може да дојде во вашиот живот, затоа што не е вистинското време или универзумот (Бог) има други планови за вас, но најчесто, главната причина поради која што не го добивате посакуваното е: отпорот. 

Можеби ќе се запрашате: „Но како давам отпор, кога толку се трудам?“ 

Постои суптилна разлика помеѓу фокусирање на своите желби и грчевито посакување на негативен начин. Иако можеби сакате нешто, позитивниот исход не е на чело на вашата концентрација. Вие, всушност, се фокусирате на недостатокот. 

Кога нешто силно посакувате, вие размислувате зошто ви е потребна таа работа. Размислувате дека вашиот живот е ужасен без тоа. Вашата енергија е усмерена на вашите потреби. И така пораката му се преведува на универзумот на овој начин: „Не го добив она што ми е потребно“, наместо „Јас ја манифестирам својата желба“

Законот на привлечноста функционира така што го зајакнувате она на кое се фокусирате. Кога ќе се концентирате на фактот дека сте во потреба, вашата потреба се зголемува. Секојпат кога ќе ја насочите енергијата на вашите проблеми, ја зголемувате веројатноста на појавување нови проблеми. 

Затоа почнете поинаку да ги гледате работите. Размислете на позитивни работи и престанете да размислувате негативно. Очајот и негативното размислување блокираат сè што посакувате. Можете да направите пресврт такашто ќе ја насочите енергијата на позитивни мисли врзани со вашата желба. 

Она што го сакаме најчесто доаѓа откако ќе „заборавиме“ на тоа, односно кога не сме врзани.