Зошто некои мажи бегаат од сериозни врски?

 

Што значи кога ќе ви каже дека не сака врска? Дали треба да чекате или едноставно да не започнете ништо и да продолжите понатаму? Зошто жените веруваат дека можат да го променат непроменливото? 

Ќе запознаете човек кој ќе ви биде прекрасен, ќе ви се допадне и ќе изгледа дека сте започнале врска, но всушност тоа нема да се вика така... Ќе поминувате време заедно и тогаш кога ќе започнете сериозен разговор и тој ќе ви каже дека не сака врска.

Сигурно секоја од нас се нашла во една таква ситуација. Се прашувате зошто се случува ова и како тој ве гледа. Можеби се плашите да се запрашате: „Дали тој само ме искористува?"

„Не сакам врска.“ Да, тоа ви го кажа на почетокот, но вие не сакате да слушате и се надевате дека тоа ќе се промени. Тој едноставно не сака ништо сериозно, му се допаѓате и сака да поминува време со вас, но тоа не треба да се нарекува врска. Сака сè освен поврзаност и сериозност. Оваа причина е навидум едноставна, но всушност е сложена и доаѓа од различни, не така споредни околности, а најмногу е последица на долги врски, лоши искуства и незрелост.

Следната причина поради која некои мажи бегаат од сериозноста и новите врски е стравот. Можеби само се плаши дека сè ќе стане поинаку во моментот кога ќе стане официјално. Свесни сме дека сè добива поинаква димензија кога околностите се менуваат. Во моментот кога сте во врска повеќе ќе му се јавувате, ќе барате премногу информации, ќе мора да се појавувате заедно на разни настани, а тоа може да биде страшно за некои мажи, барем на почетокот.

Друга причина е несигурноста. Можеби не е сигурен во чувствата кон вас и не знае како да се постави или како да го спречи сето она што го започнал.

Ова е специфичен тип на личност кој стана многу застапен, но сите бараат партнер кој ќе биде посветен. 

Денес, ние сме жртви на недефинирани врски кои стануваат сè почести. Ова полека станува колективен проблем на општеството, а единственото прашање што треба да си го поставите кога не знаете што да правите е „Дали сум среќен/среќна?“