Зошто луѓето се бакнуваат?

Дали знаевте дека научното истражување на бакнувањето се вика „филематологија“? За време на еден бакнеж, паровите разменуваат 9 милиграми вода, 0.7 милиграми протеин, 0.18 милиграми органски состојки, 0.71 милиграми масти и 0.45 милиграми содиум хлорид, заедно со 10 милиони до 1 милијарда бактерии според некои процени.

Бакнежите користат два мускули, согоруваат 2 до 3 калории, додека пак страственото бакнување вкучува 34 фацијални мускули и согоруваат околу 26 калории во една минута.

Оригиналната теорија била дека кај приматите, мајките ја џвакале храната за своите бебиња и така им ја пренесувале храната. Како што продолжила еволуцијата, бакнежот почнал да се користи за пренесување информации за биолошката компатибилност на партнерт преку феромонските хемиски сигнали и дополнително за промовирање општествено зближување и изразување љубов, со размножувањето како главна цел.

Со бакнежот, партнерите можат да се доближат еден до друг и да дознаат клучни карактеристики еден за друг, а ниту една од нив не е свесно процесирана, истражувањата покажуваат дека ние комуницираме со хемикалиите.

Едно истражување покажало дека кога жените биле замолени да помирисаат маици на различни мажи и да ја одберат омилената, нивниот избор не бил случаен, туку базиран на мажот чии серии на гени вклучени во машкиот имунитетен систем биле различни од нивните. Ова е важно поради тоа што значи дека колку помалку поклопувања има во гените, толку поздраво ќе биде детето.

Иако мажите не се толку селективни во однос на бакнувањето, жените се многу пребирливи. Ова е поради тоа што на еволуциско ниво, жените бараат партнер со кого ќе огледуваат дете и бакнувањето може да биде несвесен, но точен начин за жените да ја видат имунолошката компатибилност на партнерот, пред да вложи премногу време и енергија на него.

Додека мажите би имале секс со жена без претходно ја имаат бакнато и би имале секс со жена која не се бакнува добро, повеќето жени никогаш не би имале секс без претходно да се бакнат со партнерот. Мажите обично иницираат француски бакнеж и истражувањата покажуваат дека причината поради ова е тоа што плунката содржи тестостерон и ова ја зголемува сексуалната желба на нивната партнерка. Понатаму, мажите можат да го почувствуваат нивото на естроген кај жената, а тоа е показател за нивната плодност.

И нивото на хормони се менува по бакнувањето. Кортизолот (хормонот за стрес) особено се намалува и кај мажите и кај жените по бакнувањето, а колку подолго е парот заедно, толку пониско ќе биде нивото на овој хормон.

Она што е интересно е тоа што нивото на окситоцин се зголемува кај мажите, а кај жените се намалува. Една теорија вели дека ова е вака затоа што на жената и е потребно повеќе од бакнеж за да развие поврзаност и блискост. Бакнувањето го зголемува тестостеронот кој ја зголемува сексуалната желба и го зголемува допаминот промовирајќи романтична љубов и окситоцин (кај мажите) кој создава блискост.

Други поволности се благо зголемување на крвниот притисок и срцебиењето, а тоа е добро за срцето, потоа зголемената плунка која се лачи за време на активното бакнвање ги заштитува забите, а мажите кои ги бакнуваат своите сопруги секое утро, во просек живеат 5 години повеќе и повеќе заработуваат.