Зошто Финска е најсреќната земја во светот? 

Веќе пет години по ред, Финска го зазема првото место како најсреќна земја во светот.

Photo by SaiKrishna Saketh Yellapragada on Unsplash

Ова е дел од Светскиот извештај за среќа кој рангира 156 земји во светот според нивоата на среќа и 117 држави според среќата на мигрантите кои престојуваат на нивната територија. 

Факторите кои се земаат предвид при ваквата ранг листа се поддршката од институциите, животниот век, љубезноста, како и отсуството на корупција. Но, главното прашање е што е она што Финска веќе пет години ја става на првото место?

Психолозите ги посочуваат следните фактори.

Финците не се споредуваат себеси со другите

Во Финска е познат стихот “Kell’ onni on, se onnen kätkeköön.” Грубо преведено, тоа значи дека не треба да се споредуваме со другите, ниту пак да се фалиме со својата среќа. Па така, Финците го следат тоа, особено кога станува збор за материјалните нешта и богатството. Тие се фокусираат повеќе на она што ги прави среќни, а помалку на тоа колку се успешни. Првиот чекор за среќа според нив е нашата сопствена дефиниција и стандарди, наместо постојаната споредба со другите луѓе.

Не забораваат на природата

Според едно истражување од 2021 година, 87% од луѓето кои живеат во Финска сметаат дека природата е значајна за нивната среќа и тоа во голема мера. Во оваа држава, вработените имаат право на 4 недели летен одмор, што значи дека тие одбираат да го поминат во природа. Освен тоа, добрата структура им овозможува лесно да отидат на не толку населените места и да поминат време во природа, на свеж воздух. 

Според психолозите, минувањето време во природа ја зголемува нашата виталност, добростојба и ни дава чувство на личен развој.

Чувство на доверба

Финците си веруваат еден на друг и ја ценат чесноста и довербата. Еден експеримент од 2022 година, 192 паричници биле оставени во 16 градови во светот. Во Хелсинки, дури 11 од 12те „изгубени“ паричници биле вратени на сопствениците.

Тоа покажува дека тие не сметаат дека треба да земат нешто што не е нивно и не им припаѓа и дека имаат чувство на одговорност да бидат чесни кон другите. Ако го заборавите својот лаптоп во воз или некоја јавна библиотека, огромни се шансите дека тој ќе ви биде вратен брзо.