Зошто е важно да читаме книги?

Читањето книги, дури и само 30 минути дневно, значително може да го намали стресот и да ја зголеми силата на мозокот. Оваа навика ја поттикнува креативноста, го подобрува менталниот фокус, продуктивноста и го прошитува речникот.

Како да читаме повеќе?

Најдобрата работа која можете да ја направите е да се сосредоточите на создавање навика. Едноставно кажано, обидете се да читате секој ден, дури и само една-две страници. Сосема е во ред да престанете да читате некоја книга доколку не ви се допаѓа и да започнете нова.

Барајте книги кои ја отсликуваат вашата реалност

Иако е супер да побегнеме од реалноста и од хаосот на секојдневниот живот, има моменти кога можеби повеќе ви одговара да читате книги кои ја отсликуваат вашата реалност. На пример, можеби ќе посакате да прочитате љубовен роман ако сте заљубени или да земете книга за самоусовршување доколку ви е потребна мотивација. Белетристиката, од друга страна, може да ја поттикне вашата креативност.