Зошто е тешко да се најде популарната „Плазма“ на рафтовите во маркетите?

Во последно време е се потешко да се најде „Плазма“ на рафтовите во продавниците во Македонија. Но ситуацијата не е само кај нас ваква. „Плазма“ е се потешко да се најде и низ Балканот. Информациите од Србија говорат дека има проблеми со снабдувањето на големите пакувања на овој кекс, додека останатите производи- мелениот кекс и оној прелиен со чоколадо уште го има на залиха.

Причината за ваквата ситуација е пожарот во фабриката што се случил пред 4 месеци. Како што пренесува Н1 Србија, само мал дел од производствениот погон што не е оштетен работи, додека во меѓувреме компанијата ги известила купувачите дека во наредните месеци ќе има проблеми со снабдувањето.

Генералниот директор на Бамби, фабриката која се занимава со производство на овие кекси, Драган Стајковиќ објаснува дека во наредниот период некои нивни производи ќе ги нема во продажба но дека се очекува целиот нивен асортиман да биде достапен за некое време.

„Бараме начин да се вратиме во нормален ритам. Ги замолуваме сите наши верни потрошувачи и купувачи и партнери да имаат малку разбирање и трпение. Нормализација на целиот процес се очекува да има во почеток на наредната година“, објаснува Стајковиќ

Плазма се појавила кон крајот на 1960-те и се смета за најпродаваниот кекс на југословенскиот пазар. Еден од основачите на овој кекс е пекарскиот мајстор Петар Тутавац кој го развил рецептот и за пополураните колачи „Домачица“. Тутавац починал во 2022 година на возраст од 88 години.