Знам дека болката е привремена, но тоа не ја прави помалку болна

 

Во животот има многу моменти кои се болни. Има периоди кога мислиш дека срцето ти се крши на милион парчиња. Од различни причини. 

Како што стареам, секој лош период ми е ужасен, секоја болка ја чувствувам длабоко, но за разлика од порано, сега знам дека е привремена и дека ќе помине. 

Но, тоа не ја прави болката помала, тоа не ги прави солзите поретки. Срцето пак се крши. Само што сум свесна дека ќе биде подобро утре. 

Но, дотогаш, морам да ги стегнам забите и да пробам одново да станам. Ќе станам. Знам. 

И повторно ќе танцувам и ќе се смеам. 

Но, дотогаш, морам да ги собирам скршените парчиња од себеси. А тоа многу боли. И малку сум уморна да го правам тоа.

И ми треба време за себе.

Ама барем ја имам утехата дека иако болката не е помалку болна, постои надежта дека сепак е привремена и дека можеби не утре, ама во блиска иднина, работите ќе бидат подобри.