Знаци кои укажуваат дека поранешниот партнер сè уште има чувства за вас

 

Раскинувањето секогаш остава траги на душата, а дали некогаш сте се запрашале - дали на вашиот поранешен партнер му е жал што раскинавте, дали сè уште сонува да го обнови контактот?

Ова прашање може да поттикне лажни надежи и да ве врати во состојба на конфузија и несигурност, па затоа е важно да бидете внимателни. Секако, ако врската била токсична и сте се чувствувале лошо во неа, не треба ни да размислувате за тоа, туку продолжете понатаму и пронајдете ја личноста која ве заслужува.

Но, доколку сте ја прекинале врската која била убава и во која имало љубов која сепак не згаснала, важно е да ги препознаете сигналите по кои партнерот вели дека сака повторно да се обиде со вас. Еве неколку знаци кои според експертите укажуваат дека сака да уште една шанса:

1. Сè уште е сам - Доколку вашиот поранешен партнер сè уште нема никој и не е заинтересиран да започне нова врска, можно е сè уште да размислува за вас. Ако не е подготвен за нова врска, тогаш чувствата не се целосно изгаснати.

2. Сака да одржува контакт со вас - Ако понекогаш ви прати порака за тоа како сте, ве покани да излезете или ја користи приликата да разговарате, тогаш не сака целосно да ве изгуби. Тој сака да продолжи да комуницира со вас и да биде во ваша близина.

3. Јасно покажува дека му е жал за грешките и за раскинувањето - Овие емоции се уште посилни доколку во тој момент немал можност или желба да се извини. И тоа треба да се забележи, не само од неговите зборови, туку и од неговите постапки. Отворено се извинува и покажува дека се грижи за заеднички да ги средите работите.

4. Ви обрнува внимание - По заминувањето, партнерот може да почне да ве опсипува со повеќе внимание, некои гестови покажуваат дека сака да му се вратите – како на пример: емотивни пораки, подароци, изненадувања, убави зборови, покана за ресторан или кино … Покажува дека сака да продолжи онаму каде што сте застанале.

5. Нема обвинувања и кавги - Ако се труди да одржува пријателска комуникација, не сака да се навраќа на старите лоши работи, да ве обвини за нешто, но во разговорот се фокусира на сегашноста и иднината, може да значи дека тој планира негативното да го остави зад себе.

6. Се забележува неговата тага  - Ако станал поповлечен, чувствителен, сменил некои секојдневни навики, избегнува дружење, не споделува емоции со другите, во неговите очи се гледа дека не е среќен, тоа е всушност болката која ја чувствува. Но, некои луѓе ги доживуваат овие знаци како игра и преправање. Можете сами да направите паралели и да извлечете свои заклучоци - како би реагирале во ваква ситуација?

Ако сè уште постои врска и чувства меѓу вас, ќе ги разберете вистинските причини за тоа што се случува. Главната работа е да не се носат избрзани заклучоци. Ако планирате да ја преиспитате вашата неуспешна врска во блиска иднина, обидете се навистина да го направите тоа. Можеби и двајцата сте се промениле како поединци и сте подготвени да учите од сопствените грешки. На крајот, единствениот вистински начин да откриете дали сте подготвени и дали вредите да ја обновите оваа врска е отворената и искрена комуникација со партнерот.