Знаци кои покажуваат дека се соочувате со недостаток на витамин Д

Витаминот Д попознат и како витамин на сонцето е често споменуван во последно време во пандемијата со коронавирусот.

Овој витамин игра огромна улога во нашето тело. Според еден извештај објавен во Списанието за фармакологија и фармакотерапија, речиси 50% од луѓето се соочуваат со недостаток на овој витамин. Многу малку видови храна содржат витамин Д, па затоа најдобриот извор е сонцето.

Кога нашето тело е изложено на сонце, така се лачи витамин Д, кој како што споменавме е познат и како витамин на сонцето. Сепак, во текот на зимските денови е тешко да се дојде до овој витамин поради намалениот број на сончеви денови, па така експертите препорачуваат да се зема во форма на суплемент. Тој е важен за поддршка на мускулите, коските, нервите, но и имунолошкиот систем. Според Националниот институт за здравје во САД, се препорачуваат 15 мцг од овој витамин. Сепак, претераните количини од овој витамин предизвикуваат гадење, повраќање, слабост и намалена телесна тежина. Најдобриот начин да се измери овој витамин во нашето тело е преку крвната слика, бидејќи никогаш не можеме точно да знаеме колку ни недостасува.

Сепак, ова се неколку симптоми кои покажуваат дека веројатно ни недостасува витамин Д.

Поспаност

Ако спиете околу 8 часа во текот на ноќта и пак се чувствувате изморени во текот на денот, таквиот замор може да биде предизвикан од многу причини, но една од нив може да е и недостатокот на витамин Д. 

Постојано се разболувате

Нашиот имунолошки систем ни помага да се справиме со вирусите и настинките во нашето тело. Кој тој е здрав и силен, се намалува фреквенцијата, јачината на симптомите, како и траењето на болеста. Според едно истражување објавено оваа година во кое учествувале околу 500 пациенти, било забележано дека сите оние кои биле позитивни на ковид вирусот, имале недостаток од овој витамин. 

Болки во грбот и коските

Еден лош потег може да предизвика болка во грбот и кичмата подолго време. Но, некогаш болката се појавува речиси од никаде и таа не се намалува со време. Во овој случај, најверојатно станува збор за недостаток на витамин Д. 

Депресија

Депресијата е состојба која погодува милиони луѓе на светот, но еден од извештаите објавени скоро покажува дека витаминот Д игра голема улога околу депресијата. Иако дополнителни истражувања треба да бидат направени, сепак се смета дека истата група која е склона на депресија е и онаа која веројатно се соочува со дефицит на овој витамин (постари луѓе, проблеми со телесна тежина, луѓе со хронични болести, тинејџери).

Паѓање на косата

Иако ова зависи од многу фактори, според многу истражувања витаминот Д е поврзан со паѓање на косата.