Секој човек барем еднаш во животот помислил дека нема среќа. Губење на работно место, крај на брак, неуспех на испит, сето ова може да направи да се чувствувате беспомошно и несреќно. Во такви моменти треба да се потсетиме на малите работи кои значат среќа и ни покажуваат дека во животот ни оди добро дури и кога мислиме дека не е така.
Постојат некои знаци кои ни покажуваат дека во животот ни оди добро дури и кога мислиме дека не е така. И една мисла од Винстон Черчил секогаш нека ви биде на памет: Успехот значи да се оди од неуспех до неуспех, а при тоа да не се изгуби ентузијазмот.
Имате можност да учите од сопствените грешки
Да се учи од сопствените грешки значи да се живее. Никој не вика дека животот е лесен, и додека пречките на патот може да болат, патувањето и тоа како се исплати. Потсетете се на своите неуспеси и порази. Сега сигурно ви е јасно дека сето тоа се случило со причина како дел од некој поголем план. Секоја потешкотија во животот ве донесла до местото на кое сте денес, секое искушение ве обликувало во силна и отпорна личност каква што сте денес. Чекорете понатаму низ животот знаејќи дека секое искуство ве направило личноста која треба да бидете.
Тежите кон тоа да бидете подобри
Фактот дека се чувствувате малку потиштено кога нема да го постигнете она што сте сакале покажува дека се трудите. Тоа значи дека секогаш се обидувате да бидете подобри и сѐ додека продолжувате да го правите тоа, среќата, успехот и љубовта ќе дојдат – само немојте да се откажувате.
Алберт Ајнштајн рекол: Не дека сум толку паметен, само не се откажувам од проблемите. Затоа никогаш не престанувајте да тежите да бидете сето она што можете да бидете.
Имате/сте имале работа
Ако сте останале без работа, не очајувајте. Можеби е ова можноста која сте ја чекале за да работите нешто што навистина сакате. Продолжете да барате, продолжете да се надевате и запаметете дека со работа и со верба во себе можете да го постигнете и она што на прв поглед ви се чини невозможно.
Знаењето ви е секаде достапно
Ако изворите на информации и на знаење ви се на дофат на раката, значи дека во животот ви оди на добро. Знаењето е моќ, па зграбете ја таа моќ и нека ви биде помошник во остварување на вашите соништа. Искористете ги сите можности за учење на кои ќе наидете.
Имате храна и чиста вода за пиење
Храната е еден од благословите кои најмногу ги потценуваме, а кога не сме јадени неколку часа и сме гладни, сфаќаме колку ни е важна. Одвојте си доволно време и уживајте во својот следен оброк, почувствувајте го секој залак и потсетете се дека среќата во животот лежи во уживање во едноставните работи, како парче чоколадна торта.
Имате можност да изберете да го живеете својот живот онака како што сакате
Аристотел рекол: Извонредноста никогаш не е случајна. Таа е секогаш резултат на цврстите намери, искрениот труд и интелигентното извршување. Таа претставува паметна одлука меѓу многуте алтернативи. Избор, а не случајност ја одредува нашата судбина. Затоа, искористете го своето право на избор.
Сте почувствувале љубовни пеперутки во стомакот
Можеби звучи неверојатно, но некои луѓе не се вљубиле никогаш во животот, можеби не добиле можност за тоа. А фер би било секој човек барем еднаш во животот да искуси што значи да се биде заљубен, тој природен и едноставен, а повторно стравствен момент кој овозможува негување спомени за цел живот.
Имате сон
Каков и да е тој сон, ваш е. Имате можност да го гаите и да го исполните. Не се откажувајте од сонувањето и од своите соништа. Од нив произлегуваат најубавите работи во животот.
Знаете да простувате
Замислете колку би биле лишени, огорчени и несреќни кога не би знаеле да простувате на туѓите, но и на сопствените грешки? Би ви било скоро невозможно да живеете и ноќна мора да продолжите со животот кога ќе се појават проблеми. Затоа, да знаете да простувате е едно од најголемите знаења кое можете да го имате.