Значително поскапување на горивата од полноќ

Горивата од полноќ ќе се продаваат со значително зголемена цена во однос на претходниот период. Бензините поскапуваат за 2,5 денари за литар, додека дизелот ќе поскапи за два денари по литар.

Бензинот БС-95 од полноќ ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар, додека цената на БС-98 ќе изнесува 85 денари за литар.

Дизелот од полноќ ќе чини 83,5 денари за литар, а Екстра лесно маслото ќе чини 83 денари за литар.