Значењето на сонцето и црвената боја во Македонската култура

Боите и едноставните симболи може да формираат моќни пораки!

Црвената боја, исто како и сите други бои има различно значење. Од психолошка или уметничка гледна точка, тоа може да биде симбол на љубов, жртва, издржливост, страст и енергија. Во источните култури, црвената боја е симбол на среќа. Сепак црвената боја е многу распространета на Балканот и има подлабоко, значајно и богато значење.

„Овој пат, јас пишувам за значењето на црвената боја во македонската култура и фолклор. Со оглед дека оваа боја е основа на македонското знаме, во овој текст ќе го вклучиме и сонцето како симбол на македонската култура и неговото значење“- пишува Ана.Т за Slavorum.

Црвена: бојата на македонските знамиња низ историјата

Дел од македонската традиција се нашите знамиња, без разлика дали тоа е македонското знаме за востанија, знамето на Македонската православна црква (МПЦ) или знамето на цар Самуил, сите тие имале црвена како нивна основна боја. Знамињата на македонските востаници биле црвени, носејќи порака за вечна борба за слобода.

Црвена како главна боја на македонските везови

Македонија е позната како земја со богати рачно изработени дела направени од текстил. Македонскиот вез, не е само дел од традицијата, но исто така е еден од најважните примероци на македонската етнографска уметност, историја, култура и фолклор. Црвената боја е најчесто присутна на македонскиот народни носии. 

Доминацијата на оваа боја во уметноста на везот е во корелација со неговата семантичка вредност. Во македонскиот фолклор, црвената боја е донесена, како боја на животот, плодноста и здравјето.

Црвената боја како основна боја за Велигден

Како православен народ, Македонците се држат до обичајот на боење на црвени јајца за Велигден. Црвената боја ја симболизира пролеаната крв на Христос за спасение на луѓето на земјата. Една од легендите објаснува дека кога Марија Магдалена го видела Исус по своето воскресение, таа носела кошница со јајца со намера да им даде на другите жени. 

Во моментот кога тие ја виделе кошницата, јајцата ја промениле својата боја во совршена црвена боја. Црвената боја, исто така, се смета како симбол за победа, здравје, оптимизам и љубов.

Значењето на Сонцето

Сонцето има клучно значење за македонскиот народ. Се потенцира и презентира во секоја прилика: во молитва, на почетокот на работа на поле или на крајот од денот. Во принцип, Сонцето симболизира живот и енергија. Пребарувајќи длабоко во традицијата, Сонцето, исто така, се зема како симбол на нешто старо, нешто вечно. 

Сонцето на Исус значи ширење на добрина и љубов во светот, и постои образложение дека Сонцето ја симболизира надеж на космичка енергија. Сонцето е присутно во македонскиот фолклор, архитектурата и литературата (песни, приказни и легенди, згради и фасади, цркви, фрески и икони).

Исто како и црвената боја на македонското знаме, Сонцето беше претставено како симбол на борбата за националното ослободување и движење. Сонцето беше избрано како клучен знак на македонското знаме, имајќи предвид дека постои за сите, неговото значење се состои од важни морални вредности, како што се: слобода, еднаквост и други заеднички вредности.

Факултети.мк

cheap nike free run 5.0