Злоупотребата на првата дама продолжува, се испраќаат линкови за регистрација

Фејсбук профилот кој го злоупотребува идентитетот на д-р Елизабета Ѓорѓиевска и понатаму е активен на Фејсбук. Објавата во која повикува луѓе да коментираат за донации од 5000 евра е обновена и иако има помал број коментари од претходно, сепак има многу корисници кои паѓаат во ваквата замка. 

Ситуацијата е дотолку полоша што на одредени коментари им се реплицира со линк за регистрација, за да можат да им бидат префрлени парите. 

Во коментарите има корисници кои предупредуваат за измамата, но и такви кои ја споделуваат објавата и јавно ги објавуваат своите податоци. 

Неодамна, СкопјеИнфо предупреди за оваа измама, а истото го направија и повеќе македонски медиуми. 

Доктор Ѓорѓиевска се обрати и преку своите официјални профили и побара од фејсбук-корисниците масовно да го пријавуваат овој лажен профил, предупредувајќи ги да не следат линкови и да не оставаат податоци. 

Во еден од коментарите пронајдовме и фотографија-принтскрин, во кој корисничката вели дека со следење на линкот се претплаќа на игра.