Златното„ Правило на три работи“ е тоа што ќе ви донесе среќа во животот

Понекогаш е лесно да се влезе во конфликт со најблиските луѓе. Се чувствуваме уморно од сѐ и сѐ ни е дојдено преку глава. Што мислите, зошто е тоа така? Сите наши проблеми, болести, тагата, слабоста, лутината и незадоволството во нашите животи е последица на сопствените мисли и делувања. Се фокусираме на материјалните работи и често го забораваме она што е најважно: да живееме во хармонија со себеси. 

Еднаш еден стар мудрец рекол дека постои „Правило на три работи“ на кој се темели целиот наш живот. Имено, бројот три има свето значење во речиси сите религии и култури во светот. Ова златно правило го открива духот на вечните вредноси кои се во сржта на нашето постоење. Придржувајќи се на тие правила, научете ја тајната на среќата и гледајте како вашиот живот се хармонизира и добива баланс. Вие ќе го привлечете она што самите го зрачите.

Правило на три работи

Три работи кои никогаш нема да се вратат: времето, изговорениот збор, можноста.

Три работи кои не треба да ги изгубиме: мирот, надежта, честа.

Три највредни работи во животот: љубов, самопочит, доверба.

Три работи на кои не треба цврсто да се потпираме: моќ, среќа, материјални работи.

Три работи кои ја обликуваат личноста: трудот, чесноста, постигнувањата.

Три работи кои ја уништуваат личноста: вината, гордоста, лутината.

Три работи кои е најтешко да се изговорат: „Те сакам“, „Жал ми е“, „Помогни ми“.